Детски парламент

Денес, нашето училиште заедно со уште петнаесет други училишта од државата, учествуваше во овогодинешното издание на едукативната активност Детски парламент, во организација на Собранието на Република С. Македонија.

Учениците имаа можност да разговараат, поставуваат прашања и да дебатираат со некои од пратениците од актуелниот состав на Собранието.

Под менторство на наставникот по Граѓанско образование, нашето училиште го претставуваа учениците од деветтите одделенија: Александар Алавантија, Искра Спиркоска, Лука Тошески и Зоран Петрески.



4 views