Со Есенскиов панаѓур ги одбележуваме Светскиот ден на здрава храна и Меѓународниот ден за борба против гладта.
Целта ни е развивање и подигнување свест кај сите посебно кај нашите ученици за конзумирање на здрава храна - овошје и зеленчук, а исто така и почит кон храната непотребно да не се фрла, бидејќи сеуште за жал има луѓе кои се соочуваат со глад.
Панаѓурот е организиран со соработка со родителите на нашите ученици и воедно би сакал да им се заблагодарам за ангажманот и придонесот во реализацијата на овој настан.
Собраните финансиски средства ќе бидат наменети за потребите на учениците, согласно тоа што ќе одлучи Советот на родители.
Уште еднаш искажуваме благодарност до вработените, учениците и родителите кои сите заедно дадоа придонес за успешна реализација на настанот.
Comments