top of page

Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“

Во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ Прилеп, започна реализацијата на новата капитална инвестиција – мултифункционална, енергетски ефикасна училишна спортска сала.

Оваа спортска сала е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“, финансиран од Владата на Република Северна Македонија, а договорот за нејзината изградба го потпишаа Министерството за образование и наука (МОН), Општина Прилеп и ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“.

По тој повод, градоначалникот Илија Јованоски, заедно директорката на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Кети Стевананџија, извршија увид во почетните градежни активности за изградба на салата.

Се работи за типска фискултурна сала Модел-1 на површина од 650м2 , со соблекувални, санитарни јазли, туш кабини и кабинет за наставниците. Со изградба на салата, се обезбедуваат и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

Спортската сала ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика, спортови потребни за правилен раст и развој на децата.

Во тек е првата фаза од изградбата: обележување на објектот, снимање на теренот, чистење на хумусот, машинско ископување на земјата за темели и темелни греди, тампонирање до ниво на бетон, бетонирање на подлогата со бетон, шаловање и армирање на темели и темелни греди .

Инвеститор на спортската сала е МОН, изведувач на работите е „Гранит“ АД Скопје, а стручно-техничкиот надзор ќе го извршува ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, заедно со ДИВИ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје.




14 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page