Изградба на нова фискултурна сала во нашето училиште!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска во Прилеп го посети основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“.

Основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“ е едно од најстарите училишта во општината и минатата година беше целосно реконструирано и за прв пат после 60 години доби и современа спортска сала.

За време на обиколката на училиштето со директорката Кети Стевананџија, премиерот Ковачевски истакна дека направените темелни инфраструктурни зафати кои значат услови за современа настава, со пристап за учениците со попреченост, се стандард којшто ќе продолжи да се имплементира и оваа година, како дел од програмата за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука, која оваа година за оваа намена има поголем буџет.

Претседателот на Владата Ковачевски за време на посетата го означи почетокот на првиот подготвителен натпревар за регионалниот турнир во одбојка кој се одржува во новата современа и опремена спортска сала на училиштето.




13 views

Recent Posts

See All