Одбележување на неделата на грижа за стари лица
Денес нашите ученици ги посетија корисниците на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп, каде во посета беше и градоначалникот Д-р Борче Јовчески.
Без сомневање нашите талентирани ученици со нивните изведби ги стоплија срцата на бабите и дедовците од овој дом, и им го направија овој ден незаборавен.
Нека има повеќе вакви денови во кои ќе шириме позитивна енергија и ќе даваме помош на оние на кои им е потребна!


