top of page

Посета на Соу Ѓорче Петров

По повод утрешниот ден- Денот на лицата со попреченост учениците од прво 1 и 2 одд. денес беа во посета на Соу Ѓорче Петров. Таму со вредните ученици и нивната професорка научивме дека сите сме исти! Научивме да се прифатиме такви какви што сме! Научивме да направиме се за да биде секој човек среќен! Научивме како правилно да одржуваме лична хигиена! Научивме безрезервно да се грижиме за луѓето на кои им треба помош при одржување на личната хигиена! Научивме несебично да си помагаме и да се грижиме едни за други! Научивме да го чуваме своето здравје, но и за здравјето на другите! #3Декември #ДенНаЛицатаСоПопреченост #СитеСмеИсти

+ 5



1 view

Recent Posts

See All
bottom of page