top of page

Светски ден за заштита на животните

Другарството е дел од детската среќа!

Среќа е другарство помеѓу децата, но среќа е и другарство помеѓу децата и животните!

Токму поради ова денешниот Светски ден за заштита на животните го поврзавме со Детската недела, па нашите третачиња беа посетени од ветеринарниот доктор Тања Барлакоска и малата Луси (која беше крстена од нашите ученици ). Прифатилиште за кучиња/ Dog's shelter JKP Komunalec Prilep

Разговаравмре за придобивките од чувањето на домашно милениче но и за обврските. Разговаравме за уличните кучиња и за тоа како треба да се однесуваме со нив.

Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи добро дело за животните од својата околина, затоа што и тие како луѓето се дел од оваа планета и животот без нив би бил незамислив.




 
 

Comentários


© 2021 ООУ Кире Гаврилоски - Јане - Прилеп (МАКЕДОНИЈА)

bottom of page