Генералното собрание на Обидинетите Нации во 1972 година одлучи Октомври да биде Светски ден за развој на информатиката.
Во денешно време Информатичките и комуникациските технологии можат да обезбедатнови решенија за развој во светски рамки, а особено во контекст на глобализацијата. Можат да поттикнат економски раст, конкурентност, пристап до информации и знаење, што ќе помогне да се забрза интеграцијата на сите земји, особено на земјите во развој во глобалната економија.
Инвестицијата во информатичкото знаење е инвестиција за иднината за секој од нас, особено за младите.
Нашето информатичко знаење треба постојано да се надоградува, да се отворат нови хоризонти во виртуелниот свет.
Денес во нашето училиште имаше обраќање Професорот Миле Јованов, кој е професор на ФИНКИ и Претседател на Здружението на информатичари на Македонија. Нашиот гостин ги истакна можностите кои ги нуди информатичката технологија . Професорот го пофали и нашиот поранешен ученик Благојче Павлески кој е еден од најистакнатите ученици на меѓународните натпревари по информатика.
Под менторство на наставникот Гоце Димески имаа презентации нашите ученици:
Марко Ванчев кој зборуваше за WINDOWS наспроти LINUX,
Михаил Живковиќ зборуваше за ВЕКТОРСКА ГРАФИКА наспроти БИТМАПИРАНА ГРАФИКА и ученикот
Леонид Силјаноски зборуваше на тема СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ.
Целиот настан беше заокружен со дебата од ученици од деветто одделение на тема ,,Социјални мрежи-Нивните позитивни карактеристики наспроти нивните негативни карактеристики".
На сите учесници на овој настан му честитаме за оваа успешна приказна, и се надеваме дека ваквото одбележување ќе прерасне во традиција во нашето училиште.
Comments