Состанок на Училишен парламент
- Кире Гаврилоски Јане
- Oct 19, 2022
- 1 min read
На денешниот состанок на Училишниот парламент на демократски начин по пат на тајно гласање за претседател беше избрана ученичката Марија Јорданоска од IX2одд. додека за нејзин заменик беше избран ученикот Христијан Лазоски од IX4одд. Се избраа и координатори за сите одделенија, комисија за следење на избор на претседател и заменик претседател и записничар на Училишниот парламент.
Им честитаме на сите ученици и им посакуваме плодна учебна година, исполнета со многу ученички иницијативи кои ќе го подобрат животот во нашето училиште!
Comments