21 Март- Денот на пролетта и екологијата!

21 Март- Денот на пролетта и екологијата!

Денес нашите ученици го разубавија нашиот училишен парк со засадување на неколку елки, деветтите одделенија засадуваа цвеќиња, второ 1 одделение поставија корпи за селекција на отпад, додека трето одделенците го чистеа училишниот двор.

Учениците од VIII-3 и VIII-4 одделение со нивната наставничка Маја Мојсоска испишаа цитати на познати личности во чест на планетата Земја.

Прво 2 и прво 4 одделение со нивните наставнички Катерина Бакарова и Ирена Адамческа уникатни како и секогаш направија весели цветови.

Целта на овие активности е да се подигне свеста кај нашите ученици за екологијата и значењето на природата на сите нас!

Само здрава природа гарантира здрав живот!



2 views