Erasmus+ проект

Нашето училиште за прв пат оваа година стана дел од Erasmus+ проектите. Двајца наши наставници, Кети Стевананџија и Љупче Петрески и претставник од стручната служба Весна Зероска, ја посетија обуката Game-Based Learning & Gamification во Талин Естонија.

Се стекнаа со искуства за примена на различните игри во реализирањето на наставниот материјал. Ги разгледаа убавините на Талин и стекнаа контакти со претставници од различни училишта и држави. Своите искуства ги споделија и со останатите колеги преку соодветна, темелна и исцрпна дисеминација. Се надеваме дека стекнатите и пренесени знаења ќе најдат примена во секојдневната работа на колективот во нашето училиште.



1 view