top of page

Книгата е градител на мостови на разбирање и дијалог за создавање на заеднички вредности и подобра и

Денес во нашето училиште под мотото ,,Книгата е градител на мостови на разбирање и дијалог за создавање на заеднички вредности и подобра иднина", беше одбележан -Месецот на книгата со активност на учениците од одделение.

Учениците презентираа свои мисли и ставови за значењето и улогата на книгата, ги претставија најновите изданија што се објавуваат традиционално на ,,Саемот на книгата"-Скопје и упатија порака да се читаат македонски автори.

Пригодно обраќање кон учениците по овој повод, имаше и директорката на ЈОУ,,Борка Талески"- Моника Талеска.

Менторот Сузана Николоска во соработка со колегите и директорката Кети Стевананџија преку овој настан испрати порака да се гради навика, дисциплина и култура кон читањето.



4 views

Recent Posts

See All
bottom of page