top of page

Патувај кон ѕвездите

Под мотото ,, Патувај кон ѕвездите со книгата” денес ја одржавме и последната завршна активност одбележувајќи го Месецот на книгата.

Во просториите на училишната библиотека се одржа средба и литературна работилница со прилепската писателка Сузана Ѓорѓиевска и петтоодделенците од нашето училиште.

Во присуство на нашиот директор, библиотекарката и стручните соработници, авторката говореше за значењето на читањето, пишувањето и важност на литературата за деца, а гостинот од прилепскиот театар Димитар Ѓорѓиевски изведе кратка драматизација на дел од романот за деца ,, Сонувачот, купувачот и уште нешто”.

Потоа следуваше креативна работилница ,,Драматизација на прозен текст” каде учениците создаваа свои драматизации врз прозниот текст од нашата гостинка.




0 views

Recent Posts

See All
bottom of page